Пред самиот крај на натпреварот  Тетекс – Каменица Саса во Втората македонска фудбалска лига, навивач од трибините влезе на теренот му удри бокс на гостинскиот фудбалер Бошко Ступиќ. Судијата набрзо по инцидентот означи крај на мечот.


Тетовската полиција соопшти дека го уапсила лицето набрзо по завршувањето на натпреварот.

Полициски службеници на СВР Тетово денеска (1 октомври) во 17 часот и 25 минути, во продолжението од првенствениот фудбалски натпревар Тетекс-Каменица Саса, во 94-та минута, го лишиле од слобода Н.А.(18) од Тетово, кој ја прескокнал оградата од главната трибина и физички го нападнал гостинскиот фудбалер Б.С.(38).од Пробиштип, велат оттаму.

Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.