Шпанското фудбалско првенство продолжи во 2022 година со сензационален пораз на Реал Мадрид на гостувањето кај Хетафе со 1:0. Стрелец на единствениот гол беше Енес Унал во деветтата минута

Ова беше прва победа на Хетафе над Реал Мадрид во последните 16 меѓусебни дуели, односно од 26 август 2012 година.

Реал Мадрид последен пат го загуби првиот натпревар во една нова календарска година на 7 јануари 2007 година, кога загуби од Депортиво Ла Коруња (0:2).

И покрај поразот, мадридскиот клуб остана на чело на табелата во Ла Лига со 46 бодови, додека второпласираната Севиља сега има осум помалку, но и два натпревара помалку.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.