Тренерот на Челзи, Томас Тухел, порача дека водечкиот тим во Премиер лигата, Манчестер сити е фаворит број еден за англиската титула оваа сезона.

Челзи вечерва го игра дерби натпреварот од 21 коло во Премиер лигата против Ливероул, а двата тима се единствените конкуренти на тимот предводен од Пеп Гвардиола, кој во трката за одбрана на титулата во моментов има 11 бодопви предност пред Челзи и 12 во однос на Ливерпул.

Манчестер сити делува како победничка машинерија. Тие точно знат што е потребно за една врвна сезона. И тоа константно го повторуваат – ијзави Тухел.

Германскиот стратег, сепак, додаде дека тој и неговиот тим имаат обврска да се борат до крај, се додека има и најмала шанса за титулата.

Никогаш нема да престанеме да веруваме во своите способности. Ќе се бориме до крајни граници на нашите можности и секогаш ќе се обидуваме. Но, мораме да бидеме и реални во се. Мораме да бидеме и амбициозни, но не и преамбициозни за на крајот да не се чувствуваме фрустрирани – порача предводникот на актуелниот европски првак.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.