Екипата на Брегалница во Штип и го нанесе првиот пораз на АП Брера Струмица во рамките на 5. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Со максимален ефект продолжува Шкендија која во Маџари го совлада Работнички со голови постигнати во судиското надополнување.

Резултати:

Брегалница – АП Брера Струмица 1:0

Работнички – Шкендија 1:2

Шкупи – Гостивар 3:1

Силекс – Македонија ЃП 2:2

Тиквеш – Воска 1:1

Натпреварот Струга ТЛ – Вардар е одложен поради учеството на стружани во плејофот за Конференциската лига на УЕФА.

Табела: Шкендија 12 бодови, Брера 12, Брегалница 9, Шкупи 8, Тиквеш 7, Силекс 6, Работнички 6, Македонија ЃП 5, Воска 4, Струга ТЛ 3, Гостивар 3, Вардар 1



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.