Португалскиот репрезентативец Матеус Нунес е нов фудбалер на Вулверхемптон, а неговата животна приказна е многу интересна.

Нунес пристигна во редовите на англискиот премиерлигаш со трансфер вреден 38 милиони фунти плус 4,2 милиони фунти потенцијален бонус, што е нов рекорд за Вулверхемптон кога е во прашање висината на трансферот.

ЖИВОТНА ПРИКАЗНА

Матеус израснал во фавелите на Рио де Жанеиро каде се обидел да го „копира“ Роналдињо, а потоа со мајка му и очувот се преселил во Португалија кога имал само 13 години.

Се обидел да направи фудбалска кариера, а до пред само три години работел во семејната пекара во гратчето Ерикерија во близина на Лисабон.

Секој ден одел на тренинг во Спортинг и сонуваше за подобар живот.

„Имаше моменти кога немавме што да јадеме, не помогна што мајка ми никогаш не престана да работи. Таа е воин кој ми ја всади љубовта кон фудбалот. Првпат ја удрив топката со неа. Ако немавме топка, јас и браќата игравме со чорапи, важно беше само да се тркала, мајка ми до денес не знае како се случи да не станам крадец или дилер“, изјави Нунеш..

Работев во пекара околу пет-шест месеци. Дојдов наутро затоа што игрите беа попладне. Стоев на нозе пет-шест часа и потоа морав да тренирам, не можам кажи дека беше лесно.Немав возачка дозвола па се разбудив во пет сабајле да одам со велосипед до работа

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.