На два дена до финалето на Светското првенствово Катар, претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, на прес-конференција потврди дека за три години ќе стартува новиот формат на Светско клупско натпреварување.

Инфантино откри дека на Светското клупско натпреварување ќе учествуваат дури 32 екипи и ќе биде во ист систем како што сега се игра Мундијалот. Досега на Светското клупско натпреварување учествуваа само континенталните прваци и тим од земјата домаќин, а сега ќе биде многу поинтересно и помасовно.

„Во 2021 година не се одигра Светското клупско натпреварување поради пандемијата. Можам да најавам дека на турнирот во 2025 година ќе има 32 екипи од целиот свет, Допрва ќе зборуваме за деталите околу ова натпреварување, но се знае дека најдобрите 32 екипи ќе бидат на турнирот што ќе наликува на Светско првенство“, рече Инфантино.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.