Легендарниот српски фудбалер Синиша Михајловиќ почина во болница во Рим во 53-та година од животот, јавуваат италијанските медиуми.

Михајловиќ во средината на 2019 година дозна дека боледува од леукемија.

Кога ја добив веста дека сум болен, тоа беше тежок удар. Со денови седев и плачев, животот ми поминуваше пред очи. Ова не се солзи од страв. Ја почитувам болеста, ќе се соочам со неа, изјави тогаш пред новинарите Михајловиќ.

Михајловиќ играше за Борово, Црвена Звезда, Војводина, Рома, Лацио, Интер, беше селектор на Србија, а како тренер ги водеше Катања, Фјорентина, Милан, Торино, Спортинг Лисабон.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.