Партизан и Војводина од Србија, Ујпешт од Унгарија, Чикшереда од Романија, но и Вардар, Работнички, Академија Пандев Брера, се екипи коишто фудбалски нешто значат во регионот, особено кога станува збор за работата со младинските фудбалски категории. Токму овие клубови, но и многу други, ќе бидат дел од шестото издание на „Кул куп“, меѓународниот младински фудбалски турнир во организација на фудбалската школа, ФК Кул од Скопје.

Во текот на три дена, од осми од десетти септември, на теренот на Цементарница, ќе истрчаат 80 екипи од Македонија и странство, во кои ќе бидат претставени пет возрасни генерации или околу 1.000 млади фудбалери. Покрај натпреварувачкиот момент, нивната цел ќе биде и фудбалско дружење, но и размена на искуства и практики во работата и развојот на идните фудбалери.

Масовноста на овогодинешното издание на турнирот, особено е значајна затоа што претставува и своевидно возобновување на веќе воспоставената традиција, којашто, поради пандемијата на корона вирусот, мораше да има три години пауза.

Ваквата упорност и посветеност на турнирот, е само продолжение на принципот и програмата на работа на фудбалската школа, која работи со деца од пет години, па се до сениорски тим и која од година в година, покажува и натпреварувачки резултати. Таков пример е генерацијата за фудбалери родени 2005 година, која во конкуренција на најдобрите клубови во Македонија, дојде и до шампионската титула во своја конкуренција.

Турнирот „Кул куп“ е само потврда за посветеноста со која ФК Кул пристапува кон развојот на младинскиот фудбал во изминативе 16 години, колку што постои фудбалската школа. Во клубот членуваат околу 650 членови и се вработени 20 спортски работници, кои се грижат сите тренинзи и се што е неопходно за работа со децата да минува без никаков проблем.

Натпреварите ќе се одвиваат на стадионот на Цементарница, а влезот за сите ќе биде слободен.

Дел од спортските клубови ќе бидат дел турнирот се:

* ФК Ујпешт – Унгарија,

* ФК Чикшереда – Романија

* ФК Партизан – Србија,

* ФК Војводина – Србија,

* ФК Титан – Краљево – Србија,

* ФК Вардар,

* ФК Ал Барса,

* ФК Орлетата – Благоевград – Бугарија,

* ФК Биџо – Куманово,

* ФК Драчево,

* ФК Кул,

* ФК Македонија Ѓорче Петров,

* ФК Скупи,

* ФК Јанг Тим,

* ФК Дрим Тим,

* ФК Академија Нацев – Велес,

* ФК Форца,

* ФК Бутел,

* ФК Партизан Фудбал Кидс,

* ФК Куманово – Куманово

* ФК Маџари Солидарност

* ФК Куманово

* ФК Дрита – Косово

* ФК Работнички

* ФК Парк Сити,

* ФК Фудбал Старс – Кочани,

* ФК Академија Пандев Брера

* ФК Кичево

* ФК Лепенец

* ФК Аеродром

* ФК Тиквеш

* ФК ССК

* ФК Глигоров

* ФК Милано

* ФК Охрид

* ФК Победа Валандово

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.