На 8,9 и 10 септември 2023 фудбалскиот клуб Кул ќе биде домаќин на традиционалниот 6. по ред Меѓународен турнир во фудбал  КУЛ КУП 2023 за генерации 2011 / 2012 / 2013 / 2014 и 2015.

На турнирот завземаат учество 80 екипи, 1000 учесници од земјава и странство. Ќе се одиграат натпревари помеѓу младински екипи од Македонија, Србија,  Хрватска, Унгарија, Бугарија, Косово, Романија, Турција и други клубови од други земји кои во тек се пријавуваат.

Посетеноста на турнирот е на висок степен, над 3000 публика, велат од клубот.

ФК Кул е фудбалски клуб кој за своето 16- годишно постоење се стекна со високо реноме во земјата и странство. Учествува на турнири во земјава и странство, каде постигнува солидни успеси и стекна големи искуства кој ги применува во организацијата на својот турнир КУЛ КУП. Турнирот прераснува во традиција каде екипите се дружат меѓусебно, разменуваат искуства и ги измеруваат своите фудбалски способности.

Со овој турнир сакаме да ги потикнеме дружењето на младите спортисти помеѓу земјите од Балканот и да допринесеме за развој во спортот кај младите категории. Ве покануваме на 08-09-10 Септември да проследите интересни фудбалски натпревари на КУЛ КУП 2023 на теренот на Цементарница во Кисела Вода, велат од клубот.

Дел од екипите кој ќе завземат учество се: ФК Партизан – Србија, ФК Динамо- Хрватска, ФК Ујпешт-Унгарија, ФК Вардар, ФК Парк, ФК Албарса, ФК Тиквеш, ФК Македонија Ѓорче Петров, ФК Скупи, ФК Јанг Тим, ФК Бутел, ФК Дрим Тим, ФК Форца, ФК Драчево, ФК Орлетата – Бугарија, ФК Титан- Србија, ФК Лепенец, ФК Маџари, ФК Аеродром, ФК Партизан Фудбал Кидс, ФК Дрита – Косово, ФК Биџо, ФК ССК, ФК Академија Нацев, ФК Војводина –Србија, ФК Милано, ФК Охрид



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.