Германија имаше настап за заборав на Мундијалот во Катар на кој не успеа да ја мине групната фаза и покрај вчерашниот триумф над Костарика (4-2), но голманот Мануел Ноер на тој натпревар испиша страница во историјата на светските првенства, откако на 36-годишна возраст стана голман со најмногу настапи.

Дуелот против Костарика за Ноер беше вкупно 19 на светските првенства со што ги надмина сонародникот Сеп Маер и Бразилецот Клаудио Тафарел, кои кариерите ги завршија со 18 настапи.

„Навистина? Ах, штета! Па подобро ќе ми беше да одиграм уште некој натпревар на тоа Светско првенство 1970 во Мексико“, духовите се пожали Сеп Маер во разговор за германските медиуми.

На тој Мундијал, Германија испадна во полуфиналето, а Маер не беше во составот во натпреварот за третото место.

Новиот рекордер според бројот на настапи на светските првенства на голманската позиција претходно не исклучи можност да брани и на Мундијалот 2026 во САД, Канада и Мексико, но зачестените повреди во последно време би можеле да му го закомпликуваат сонот.

Извор: МИА


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.