Македонија денеска со 3-1 ја совлада Ерменија во пријателски натпревар кој се одигра во Струмица, селекторот Благоја Милевски е презадоволен од тоа што го виде.

Милевски извади комбиниран состав, шанса добија повеќе играчи кои обично се на клупата за резерви. Селекторот има само пофалби за нив.

„Задоволен сум и среќен за момците кои го почнаа натпреварот. Осум нови играчи од дуелот со Украина и двајца дебитанти. Презадоволен сум од тоа што го покажаа на теренот и со право ќе бидат тука и во иднина. Ова е најдоброто од Македонија. Ова се момците кои ги имаме и мислам дека секој следен натпревар покажуваат сè поголем квалитет“, кажа Милевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.