Манчестер јунајтед го победи Брентфорд со 3:1 во одложениот натпревар од 17. коло на англиската Премиерлига, со што „црвените ѓаволи“ станаа првиот клуб од Премиер лигата кој остварил 300 победи на гостински терен. Натпреварот се одигра во Лондон на стадионот „Брентфорд Комјунити“.

На вечната листа во оваа статистичка категорија на второто место е Челзи со 259, додека Арсенал е трет со 246 победи на гости.

Во топ 5 се уште и Ливерпул со 239 и Манчестер сити со 188 гостински победи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.