Талентираниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Мејсон Гринвуд беше уапсен од полицијата поради тоа што неговата девојка Харијет Робинсон го обвини дека крвнички ја претепал затоа што не сакала да има секс со него.

Робинсон објави фотографии по физичкото насилство од страна на младата ѕвезда на „црвените ѓаволи“, а премиерлигашот не сакаше да ги коментира нејзините обвинувања додека не заврши истрагата, а дотогаш треба да биде испрашан и Гринвуд за целиот инцидент.

„Полицијата е свесна за обвинувањата преку социјалните мрежи, откако една жена обвини дека била претепана. Истрагата е почната и може да потврдиме дека е уапсен човек, кој е обвинет за силување и физички напад. Тој ќе остане во притвор и ќе биде испрашан за случајот, соопшти портпаролот на полицијата.

Манчестер јунајтед во меѓувреме го суспендираше англискиот репрезентативец, кој нема да присуствува на тренинзите и натпреварите на тимот на неодредено време поради скандалот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.