ренерот на Ливерпул, Јирген Клоп со највисока оценка го оцени изданието на неговиот тим на натпреварот со Лидс од 31. коло на шампионатот на Англија.

„Црвените синоќа победија со убедливи 6:1.

– Ова е нашата најдобра игра во различни критериуми и аспекти. Го натеравме противникот да направи многу грешки. Се бориме за топ 4. Разликата меѓу оваа сезона и онаа во која завршивме како третопласирани е тоа што сега конкурентите се одлепија повеќе. Не знам каде ќе завршиме, но ефектот од последните натпревари ќе се пренесе и во следната сезона, па тие ќе бидат многу важни, изјави Клоп за „Би-би-си“.

Ливерпул ја прекина серијата од четири меча без победа (2 порази, 2 нерешени) и се наоѓа на 8. место во Премиер лигата со 47 бодови. Лидс е на 16. место со 29 бодови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.