Напаѓачот на Манчестер Јунјатед, Кристијано Роналдо, ќе се врати во тимот за дерби натпреварот во Премиер лигата против лондонски Арсенал, најави тренерот Ралф Рангник.

Португалскиот фудбалер поради семејна трагедија, односно починувањето на едно негово дете, го пропушти дербито минатата недела против Ливерпул во кое Јунајтед претрпе убедлив пораз од 4-0.

Како што пренесува „Би-Би-Си“, „црвените ѓаволи“ за дуелот против Арсенал ќе бидат посилни и за Скот Мектомини и Рафаел Варан, а поради повреда на натпреварот со Ливерпул, сезоната предвреме заврши за Пол Погба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.