Францускиот напаѓач, Антоан Гризман, смета дека неговата репрезентација е еден од фаворитите за освојување на Светското фудбалско првенство првенство.

Фаворити? Бразил, Аргентина, Шпанија и Франција. Има уште време, остануваме претпазливи. Но, имаме добра репрезентација, немаме пораз девет натпревари по ред, ова е добар знак. Згора на тоа, за време на Светско првенство сè е потешко – вели Гризмна, цитиран од „АС“.

Мундијалот 2022 ќе се одржи во Катар од 21 ноември до 18 декември.

Француската репрезентација е актуелен светски шампион. „Триколорите“  се во групата Д заедно со Данска и Тунис, а четвртиот тим ќе биде одреден по завршните баражи. Во игра за тоа место се Перу, Австралија или Обединетите Арапски Емирати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.