Кадетите на фудбалскиот клуб Вардар се победници на Купот на Македонија во соодветната конкуренција. „Црвено – црниот“ состав во финалниот дуел беше подобар од тимот на Шкендија до 4-1, и на тој начин дојде до драгоцениот трофеј.

Со гол на Горјан Цветков во 21. минута Вардар го отвори резултатот. Цветков погоди од пенал, откако во противничкиот шеснаесетник фаулиран беше Бундалески, по што главниот судија покажа на белата точка. Шкендија израмни на 1-1 во 32. минута.
Во 43.минута Ѓорѓи Дошев со еврогол од 25 метри ја погоди мрежата на Шкендија за предност на Вардар од 2-1 на полувреме. Во 72. минута во добра шанса се најде Бундалески кој со глава биеше крај голот. После неколку прилики, беше прашање на време кога ќе го зголемиме водството. Тоа се случи во 76.минута кога после центар шут од десната страна на Фидановски, кој влезе во игра, Филип Јовановски беше играчот кој успеа да ни донесе предност од 3:1. Во 90.минута „печат“ на големата победа да стави Зоран Фидановски за конечни 4:1 во ова финале на Купот.
Вардар: Филевски Никола , Кулуковски Влатко, Ајетовиќ Нуман, Здравковски Симеон, Стојилевски Марко (К), Спасиќ Тино, Јовановски Филип, Цветков Горјан, Дошев Ѓорѓи, Радевски Филип и Бундалески Максим.
Играа уште и Леонид Илиевски, Зоран Фидановски, Лука Јакимовски, Никола Уневски, Михаил Кузмановски, Матеј Митревски и Виктор Стефановиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.