Фудбалерот од средниот ред на Реал, Лука Модриќ изјави дека тренерот Карло Анчелоти заслужува да ја задржи функцијата во мадридскиот клуб.

 

– Анчелоти заслужува да продолжи во Реал Мадрид. Во своето второ гостување го освои секој можен трофеј со тимот. Минатата сезона беше неверојатна, но овој пат не ја поминавме претпоследната пречка. Покажавме прилично добри резултати во Купот на Шпанија и Лигата на шампионите. Затоа, не се сомневам дека Анчелоти ќе остане, истакна Модриќ.

 

Реал Мадрид синоќа загуби од Манчестер сити со 4:0 во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите и со вкупни 5:1 ја загубија пресметката со „граѓаните“

 

Манчестер сити во финалето на Лигата на шампионите ќе игра со Интер на 10 јуни во Истанбул.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.