Победа од Прилеп и идната сезона ќе настапува во Втората лига откако во денешниот бараж во Ѓорче Петров го победи Куманово со 2-1.

Тренерот Јане Николовски им честиташе за успехот.

„Деца, вие не сте деца, вие сте лавови. Покажавте како треба да се сака Победа и Прилеп. Некогаш во животот не е се во материјалното, тоа го покажавте во овие изминати месеци, Господ да е со вас секогаш и секаде и капа до под за сите вас. Денеска сум најгорд тренер на светот, ви благодарам“, напиша Николовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.