Вечерва од 21 часот во Буква ќе се одржи аудиовизуелен концерт на „Mnemonic45“.

Нашиот драг пријател Mnemonic45 ќе ви приреди имерсивно аудиовизуелно искуство преку неговите амбиентални сонични пејсажи кои мекнеат, топат и го прелеваат духот на природата, смирувајќи го и најнемирното делче во секој од нас, велат организаторите во најавата за настанот на Фејсбук.

По концертот, ќе следува и музичка селекција на Бојан Станиќ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.