Со петте концери Владо Јаневски докажа дека дефинитивно е најголемата македонска звезда.Ваков или таков публиката го сака и доаѓа на неговите настапи и плаќа скапи билети за да го види во живо.

Така беше и синоќа во Македонската филхармонија од серијалот „Златни години“.Два и пол часа Владо ја држеше публиката на нозе која седнуваше само кога ги пееше неговите срцепаратални балади. Владо едноставно владее со сцената, игра, позира, комуницира со публиката која е претежно од средната генерација.

Добро се држи за како што вели, за своите скоро 70 години и му треба вода додека пее, но оти женски веќе не му требаат.

Владо е доказ дека и во Македонија домашни пејачи може да наполнат сала оти тој што треба да прави концерти прави. А публиката не можеш да ја излажеш, посебно не 30 години колку што трае Јаневски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.