Русинката Маша се појави на македонската сцена пред неколку години, а сега младата пејачка од Валенсија, Шпанија започнува да ги прави првите чекори по светскиот музички пат. Маша пред неколку месеци се запиша на реномираниот „Berklee College of Music“ за целосно да се посвети на својата најголема љубов – музиката.

„Voices“ е насловот на нејзината најнова песна, но овојпат на англиски јазик. Токму Маша е текстописец на текстот, додека пак на музиката и аранжманот се потпишуваат Панче Касапски, Маша и Лазар Цветкоски.

Морам да кажам дека сум горда на ова што го направивме со тимот. Благодарна сум и на Панче, Лазе, Даниел, бидејќи го добив тоа што одамна го замислував во мојата глава. Се надевам дека песната ќе и се допадне на публиката, до мене веќе пристигнуваат доста позитивни критики. Ова е само мотив за мене да продолжам понатаму и дека сум на вистинскиот пат, вели младата Маша.

Маша за „Voices“ сними и видеоспот, а довербата и овојпат му ја даде на добро познатиот Даниел Јовески кој направи одлично ремек-дело.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.