Момците од „Браво Бенд“  пред неколку дена во Белгра ја започнаа соработката со познатиот фронтмен на групата „Тропико“, Александар Цветковиќ – Сале. Познатиот бенд кој со години е еден од најбараните за свирки, сега сериозно ќе поработи на нивна авторска музика преку соработка со повеќе познати српски автори.

Тие веќе ја снимија нивната прва песна на српски јазик, на која музиката ја потпишува Сале од „Тропико“, додека пак текстот го напиша познатиот Драган Брајовиќ – Браја.

Презадоволни сме, конечно го добивме тоа што го замислувавме и ние во нашите глави. Нема да биде една песна со овие автори, договоривме подолгорочна соработка. Наскоро ќе го видите „Браво бенд“ во едно поинакво издание, со многу нова музика. Деновиве се подготвуваме и за снимање на спотот за новата песна и искрени да бидеме едвај чекаме да слушне и види публиката што сме подготвиле, велат момците од бендот.

Тие открија и како течела соработката со Сале, за кого имаат само пофални зборови.

Сале е феноменален човек, а потоа и одличен музичар. Иако не го познававме предходно, доволни ни беа само 10 минути со него за да ни се спојат енергиите и да се чуствуваме како да го познаваме 10 години, дополни тапанарот Дени.

До тогаш „Браво бенд“ можете да ги слушнете и видите на нивните настапи, ширум Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.