Новиот фестивал “Taste the south” или „Вкуси го југот“ ќе се оддржи по првпат во Гевгелија на 15-ти, 16-ти и 17-ти септември 2023 година. На трите дена од ова фестивалско уживање ќе настапат повеќе од 30 музички изведувачи и музички ѕвезди од Македонија, еден бенд од Шпанија, но и многу локални музичари, културно уметнички друштва, како и богата програма за деца со забавувачи од Баскерфест и детскиот фестивал Калинка, ќе има и дефиле, изложба на Олдтајмери во сорабока со повеќе клубови,а исто така вреди да се напомене дека водител и шоумен ќе биде единствениот Сашко Коцев.

Фестивалот „Taste The South” во Гевгелија е манифестација која ќе има за цел преку забавно-културни содржини да ги претстави локалните производители на храна и пијалоци пред домашните и интернационалните посетители. Преку презентација на разновидни пивски, вински производители, производители на храна, занаетчии од Гевгелискиот крај и мал број на национални учесници, придружено со фантастична селекција на храна и деликатеси од локалните ресторани вклучени во проектот да се претстават вкусовите на Гевлегија.

 

Дополнително, анимација на посетителите со музика, базар на ракотворби, уметнички креации каде главен акцент ќе биде дадено на домашните уметници и музички изведувачи со цел да се поддржи и стимулира македонската култура и музичка сцена.
Ве покануваме на одлична манифестација во најтоплиот град во Македонија, да го вкусите југот и да поминеме еден одличен викенд во Гевгелија.

На големата бина во овие три дена гевгеличани и посетителите ќе уживаат во голем број на музички вкусови меѓу кои се : КУД Боимиа, Анета Ристова Василева, Инфузиона2 бенд од Шпанија, Баклава, Миле Кузмановски, Дац и Александар, Игор Џамбазов и Гуру Харе бенд, Фониа, Ристо Стојанов и бендот, миленикот на младите Пајак, Диверзија (стенд ап шоу), Некст Тајм, Куку Леле, ДНК, КУД Негорци, КУД Браќа Толеви, децата од школата за гитара на Коце (Зијан), децата од школата за тапани на Моки, Европорта фест, Мистик денс клуб, Улични изведувачи Баскерфест, малите славејчиња од Калинка, Брас Брадрс, Суперхикс и Ареа.

 

Комплетната програма по денови може да ја погледнете подолу.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.