Во знак на поддршка на Украина, легендарниот рок бенд „Scorpions“ ги смени зборовите на нивниот безвременски хит „Wind Of Change“.

Со сменет текст првпат ја испеаја песната на нивниот концерт во Лас Вегас на 27 март.

Пејачот Клаус Мејн, кој е автор на песната, во првата строфа каде се споменува Москва, вметнал зборови за поддршка на Украина.

„Ја следам Москва до паркот Горки“- гласи оригиналната верзија, која Клаус ја замени со стиховите „Now listen to my heart, it says Ukraine“, или во превод „Сега слушај го моето срце, вели Украина“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.