Никола Јанков – Коки сподели што му се случило неодамна во Италија, каде ги запознал близнаците – Дуле и Коки.

Од време на време ќе сретнеш, ќе разбереш, ќе слушнеш некоја случка или приказна, но ова е вистинска љубовна приказна.

Не беше за верување, ама ќе те тресне, па се чудиш дали е за верување или не.

Дури свирев таа вечер, имаше еден пар, маж и жена, што некако двоеја од останатите луѓе од таа маса, кај што седеа, а беше голема маса.

Нема, нема, па со поглед човекот како да сакаше да ми каже нешто.

Не знам како при крај некој викна „Седи Коки, одмори малку“ и седнав, ама баш до човекот за кого ви зборувам…

Ми рече вака: „Брат, заминати сме од Македонија, одамна, имам двајца синови, близнаци, од по 13 години се“.

Ех, реков, супер, како ќерка ми (му влегов во збор).

„Ќе погодиш ли како се викаат?“, ме праша.
Кревам раменици.

„Дуле и Коки – по вас“, ми кажа.

Штамааа, кнедла!
Чест е, а?

Можам да напишам уште нешто… Ама не можам.
П. С. Му реков на Ѓорѓи (таткото) да ги донесе утре да ги гушнам.“

26.03.2022 Пјаченца , Италија



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.