Реномираниот „Joy fest“ слави јубилеен роденден со вистинско уживање за музичките сладокусци! Поминаа 10 години од раѓањето на единствениот фестивал во овој регион „Joy fest“, кој и годинава ќе се одржи на вообичаениот датум, 27 и 28 август, но оваа година местото на лудата журка ќе биде градскиот стадион.
А како што бива јубилеите се слават на посебен начин. Организаторите не откриваат детали до крај, за изненадувањето да биде поголемо, но засега се знае кои ќе бидат дел од изведувачите. За некои од нив не треба посебна најава, доволно зборува името на ДНК, Нокаут, Фикшн и Галоски.
„Joy fest“ изминава деценија докажа зошто важи за еден од најдобрите музички фестивали. На сцената продефилираа многу познати музички имиња од дома и странство. Така ќе биде и оваа година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.