Доделувањето на наградите „Еми“ е одложено за 15 јануари, соопштија Телевизиската академија на САД и ТВ-мрежата „Фокс“, додека холивудските сценаристи и глумци сѐ уште штрајкуваат поради несогласувањата со студијата.

Првично, 75. доделување на наградите беше планирано за 18 септември, а номинациите беа објавени во јули, непосредно пред Здружението на глумците да се приклучи на штрајкот.

Холивудските актери минатиот месец им се придружија на сценаристите кои се без работа од мај, бидејќи преговорите со студијата не  успеаја.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.