На завршниот настан на Music Week, со кој се затвори овогодинешната музичка сезона, Брена ја воодушеви публиката со својот бескраен шарм, ентузијазам и неверојатна енергија, докажувајќи зошто е неприкосновена прва дама на шоубизнисот во соседството

Концертот беше најавен со уникатно колажно видео, со некои од најпрепознатливите песни и видеа од богатата кариера на Брена, а беше отворен со песната „Уѓи слободно“, со громогласни овации и аплаузи.

Кога настапувам водам сметка и за организацијата и за настапот. Дел од мозокот ви работи на организирање на добра атмосфера, а другиот дел е фокусиран на настапот. Друго е кога сум гостин кај некого на концерт. Тогаш уживате и немате никакви други обврски освен да имате добар настап, рече Брена

Ја крена публиката на нозе, која во еден глас ја пееше секоја песна. Да се биде ѕвезда толкав долг период е обврска и можеби товар..

Ова е многу сериозно прашање. Носам одговорност кон својата публика, таа верува во мене, сум и дала многу, многу песни … Јас сум во жанрот и на филк музиката и на поп музиката и публиката е таа што одлучува. Таа е едноставно е нешто најважно во нашата кариера.

За тоа дали е тешко да се носи името Лепа Брена, таа вели:

Мислам дека веќе се навикнав на Лепа Брена. Добро се согласуваме, таа едноставно ги исполни сите мои соништа. Да бидам искрена никогаш не помислував дека би можела да имам толку голема и успешна кариера. Мислам дека, нам, на жените, ни е многу потешко, бидејќи имаме и семејство, деца и мораме да поставиме некаков баланс. Доколку вашите деца и семејството не се среќни тогаш и работата на некој начин трпи. Морам да признам дека навистина ми било и напорно и тешко, но мислам дека љубовта и поддршката од семејството ми даваше сила  да продолжам, а публиката ми беше ветер во грб да работам добро.

Додава дека во кариера имала и моменти кога семејството било исправено пред предизвици.

Животот се разбира не е бајка. Секогаш бил напорен. Дури и во приказните не е се без проблеми, а проблемите постојат за да бидат решени. Човекот најмногу страда кога има проблем во семејството, но најважно е дека сме вредни како семејство и се држиме заедно и кога е добро и кога е тешко. Сакаме да си бидеме поддршка едни на други. Во минатото јас им бев поддршка на моите деца, а сега тие ми се мене голема поддршка во работата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.