Македонката од Битола Христина Јовановска, во јавноста позната како Кики Плиш, со нејзината прва песна  „Something’s Wrong” ја доби првата награда за оригинална песна на вториот Интернационален избор „Top Singer Search”.

Продуцент на песната е Chris Jo Matt, а песната е снимена во домашното  студио на Христина во  декември 2021, додека спотот за песната е снимен во јуни 2022 год,  во предградието на Битола и Кафе барот „Камарите“.

Кики Плиш е активна на музичката сцена веќе три години со континуирани настапи како дел од спектакуларното Кабаре шоу во „Фелиција“, кое се прикажува секој викенд.

Иако можеби звучи како љубовна песна, всушност се работи за позитивните и негативните аспекти или страни во карактерот на една личност, односно постоењето на два елементи истовремено кои се најчесто спротивни и балансот меѓу истите со кој се добива чувство на прифаќање и слобода, вели Христина.

По објавувањето на „Something’s Wrong“ таа соработуваше и со диџејот Erik Fox со кој изготви ремикс на истоимената песна која може да ја чуете на нејзиниот Јутуб канал.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.