Скорсезе е добитник на почесната Златна мечка за животно дело на овогодинешниот Берлински филмски фестивал.

Во текот на својата кариера создаде бројни ремек-дела. Од 1967 година во раце ја држел режисерската палка во 26 играни филмови, а има режирано и бројни документарни филмови. Неговото последно дело е „Убијци на цветната месечина“ кој се заснова на историски факти и беше номиниран во десет категории за Оскар, вклучувајќи ја и номинацијата на Лили Гладстон за најдобра актерка. Со тоа таа стана првата припадничка на американската популација на домородци која е номинирана за Оскар во категоријата за најдобра актерка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.