Познатиот американски актер, Алан Аркин, почина на 89-годишна возраст. Неговите синови Адам, Метју и Ентони ја потврдија смртта на нивниот татко во изјава за магазинот „Пипл“.

Нашиот татко беше уникатно талентирана сила на природата и како уметник и како човек. Вљубен сопруг, татко, дедо и прадедо, тој беше обожаван и длабоко ќе му недостасува“, се вели во соопштението.

Според „Вараети“, актерот починал во својот дом во Карлсбад, Калифорнија.

За време на неговата плодна кариера, Аркин, меѓу другото, освои и Оскар за улогата во мрачната комедија „Малата госпоѓица Саншајн“ од 2006 година, како и награда Тони во 1963 година за „Влези во смеење“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.