На 50-годишна возраст почина фудбалскиот тренер Дашмир Беари, актуелен селектор на македонската репрезентација за играчи до 17 години.

Веста за неговата смрт на „Фејсбук“ ја објавија колеги и пријатели на починатиот, пишувајќи дека неговото ненадејно заминување во вечноста ги шокирало и растажило. Неофицијално, станува збор за смрт од срцев удар.

Беари беше екс тренер на неколку македонски клубови (Ренова, Гостивар, Дрита, Влазерими), а работеше и како помошник тренер во Ал Раед, Саудиска Арабија. Ги имаше водено и У-15 и У-19 селекциите, а смртта го затекна како актуелен селектор на националниот тим за фудбалери до 17 години.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.