Шпанската актерка Маргарита Лозано, која снимаше со големи европски режисери како Пјер Паоло Пазолини и Луис Буњуел, почина денеска во нејзиниот дом во Лорка. За една седмица ќе наполнеше 91 година. Веста ја потврдија и локалните власти.

Градската управа на Лорка прогласи тридневна жалост за смртта на Маргарита Лозано“, напишаа на Твитер претставници од истоимениот град во југоисточниот дел на земјата каде што актерката порасна.

Лозано е родена 1931 година во Тетуан, Мароко, тогаш под шпанска управа. Нејзиниот татко во тоа време бил војник таму. Прво студирала моден дизајн, но потоа станала актерка. Своето деби го имала во театар во Мадрид. Обожавателите особено ќе ја паметат по улогата во „Виридијана“ – драма на шпанскиот режисер Луис Буњуел, филм што ја освои „Златната палма“ на Канскиот филмски фестивал во 1961 година.

Нејзиниот пријател, шпанскиот архитект Симон Анхел Рос, рече дека „заминала во мир“.

Нејзиното срце полека опаѓаше, но таа не страдаше, изјави тој за тамошните медиуми.

Во 1970-тите се повлече од сцената за да му се посвети на семејството, но ѝ се врати во италијанската кинематографија во 1980-тите кога глумеше во неколку филмови на браќата Тавиани и во „La messe est finie“ на Нани Морети. Кариерата ја заврши во 2006 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.