Холивудскиот актер Бред Пит и неговата девојка Инес де Рамон ја донесоа својата љубов во Градот на светлината.

По ненајавеното појавување на годинешното доделување на француските филмски награди „Цезар“ во Париз во петокот вечерта, каде што го изненади режисерот Дејвид Финчер со почест, Пит (59) по церемонијата, присуствуваше на свечена вечера во Fouquet’s на Шанзелизе со девојката Де Рамон, објави магазинот Paris Match.

Парот беше снимен на видео додека разговараат со другите седнати на масата.

Според извори на кои се повикува „Пипл“, парот отпатувал одделно во Франција, при што Бред – кој го снима претстојниот филм „Волци“ во Њујорк со Џорџ Клуни – пристигнал во Париз во четвртокот вечерта, а Инес еден ден подоцна.

Бред и Инес првпат беа забележани заедно на концерт во Лос Анџелес во ноември, а извори за „Пипл“ тогаш изјавија дека тие, всушност, биле во врска неколку месеци пред тоа.

Ѕвездата на „Вавилон“ беше поврзуван со неколку жени во годините по разводот од Анџелина Џоли во 2016 година, меѓу кои и Емили Ратајковски и Никол Потуралски. Во меѓувреме, Де Рамон и нејзиниот поранешен сопруг, актерот од „Вампирски дневници“, Пол Весли, тивко се разделија во мај 2022 година по три години брак.

Де Рамон го запознала Пит преку заеднички пријател.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.