Во Љубљана се одржа премиерата на словенечката романтична комедија „Nekaj sladkega“ (Нешто слатко), а главните улоги ги играат Јелена Јованова-Периќ и Сашко Коцев во режија на стенд ап-комичарот Тин Водопивец.

„Нешто слатко“ е романтична комедија. Тоа е филм полн со пресврти и забавни заплети. Кариерата на организаторката на маркетинг конференција виси на конец кога нејзиниот главен адут, маркетинг гуру од Македонија, го пропушта својот лет. За да избегне катастрофа, таа го заменува со локален слаткар кој изгледа исто како него – се вели во најавата на филмот.

Јелена ја игра главната женска улога Каја, додека Сашко Коцев го игра главниот машки лик – Аце кој е маркетер од Македонија. Коцев е сопродуцент на филмот, а заедно со сценаристката Уршка Мајдич работеше и на сценариото. Јованова е сопродуцент од Хрватска.

Во „Нешто слатко“ зборувам хрватски и малку словенечки јазик. Се одлучивме за таа варијанта од едноставна причина што многу Хрвати работат во Словенија, па присуството на хрватскиот во секојдневниот живот овде не е воопшто нов и чуден – вели Јованова.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.