Во куса изјава за Јутарњи.хр хрватскиот музичар Тончи Хуљиќ откри како се чувствувал на свадбата на ќерка си и неговиот долгогодишен соработник и пријател Петар Грашо.

Среќен сум што венчавката се одвиваше во прекрасна атмосфера и што беше интимна вечер со луѓе кои ги познаваме цел живот, со некои од нив триесет, четириесет години и кои ни ги одбележаа животите. Бевме педесетина и тоа беше важен момент за целото наше семејство. Лично би сакал да им се заблагодарам на сите медиуми, на момент се однесувавме како „риалити“ семејство што секако не сме. Сега е време да се свртиме кон нормалниот живот и нашите деловни обврски. Се надевам тој интерес за приватно сега целосно ќе стивне, изјави Тончи за Јутарњи лист.

Хана и Петар се венчаа во црквата Свети Доминик во Сплит, а прославија во популарен ресторан покрај морето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.