За помалку од две недели, поточно на 11 јуни, во „Аква парк“ во Пробиштип првпат со заеднички голем концерт ќе настапуваат мајката и ќерката Ражнатовиќ – Цеца и Анастасија. Токму поради тоа, покрај македонската публика, се очекуваат и гости од соседните земји, Бугарија и Србија.

Хотелите во Пробиштип и околината на тој датум веќе се резервирани од странски, но и домашни гости.

Организаторите на овој голем музички настан велат дека подготовките се во тек. Тие откриваат дека музичките ѕвезди во Македонија ќе пристигнат два дена порано, но не откриваат каде ќе престојуваат.

Строго забрането е да откриеме каде ќе престојуваат, но можеме да ви откриеме дел од нивната рајдер-листа. Претпоставуваме дека луѓето мислат дека Цеца и Анастасија бараат „од пиле млеко“, но не е така. Како и сите нормални луѓе, тие бараат во бекстејџ да има ладна вода, свежи сокови, грицки и тоа е се, велат организаторите.

Карти за овој голем музички настан закажан за на 11-ти јуни во Пробиштип може да купите преку продажната мрежа на „www.kupikarta.com“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.