Претседателот на КФМ Перо Антиќ ги негира чаршиските муабети дека е во врска со балканската ѕвезда Цеца Ражнатовиќ. Тој за „ММС“ открива дека е во врска со „македонско девојче“.

Абе тоа се секти, кои измислуваат приказни, а јас сум си среќно заљубен со друга личност и нека не ме мешаат со други за ефтини кликови на интернет. Нема врска. Зашто Скопје е станато како „мртво море“, како што вели Цеца во песната? Ете затоа. Од рекла – казала приказни. Место да се гледат поголеми вредности, се измислуваат приказни. И затоа пропаѓа градот, да не кажам државата. Од такви нелуѓе, вели тој за ММС.

Муабетите за Антиќ и Цеца започнаа пред неколку месеци, откако јавноста дозна дека ја раскинал врската со најуспешната македонска манекенка и модел Катарина Ивановска.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.