Шпанското списание „Hola“ пристигна во Хрватска, каде ќе има свое издание под името „Hello“. По тој повод, беше организирана забава во галеријата „Лауба“ во Загреб, каде приствуваа голем број познати личности.

Една од нив беше и најголемата музичка ѕвезда во Хрватска – Северина Вучковиќ. Покрај тоа што проделифира на црвениот тепих во прекрасна тоалета на дизајнерката Матија Вујица, пејачката имаше и свој музички настап пред присутните.

И додека ја изведуваше нејзината популарна песна „Italiana“, Северина се сопна на сцената и се насмеа за непријатната ситуација.

Имав кореографија и сакав да ѝ се фрлам на публиката, но кореографијата се случи малку порано. Всупност, јас секогаш сакам вака малку да си одморам на сцената“, напиша пејачката во видеото кое самата го објави на својот инстаграм-профил.

Како прав професионалец, по кратката пауза, таа стана од подот и продолжи со настапот.

Ова мораше да се случи вечерва. Каде сте ми, дали сѐ уште се на нозе?“, ѝ се обрати таа на публиката и продолжи да пее.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.