Сара Мишел-Гелар, можеби најпозната по хорор-хитовите од предминатото десетлетие, во интервју за порталот „Јаху“ говореше за предизвиците со коишто се соочува како мајка. Таа особено ги коментираше социјалните мрежи и влијанието што тие го имаат врз децата денес…

Глумицата и нејзиниот сопруг, Фреди Принц Џуниор, имаат 13-годишна ќерка, Шарлот и 10-годишен син, Роки. Како што тврди строгата мајка, како родители на децата едвај им дозволуваат да погледнат на тој интернет-простор, а не пак да имаат свои профили и да минуваат време таму како и другите деца.

Нашите правила се веројатно построги од оние на многу други родители. Нашите деца немаат профили на социјалните мрежи. Понекогаш им е дозволено да ги погледнат нашите мобилни телефони. Често ни велат дека сме најстрогите родители на светот, а ние им велиме дека и онака секогаш нам ќе ни се враќаат – раскажува Мишел-Гелар.

Таа истакнува дека користењето на социјалните мрежи на таа возраст е исто како петгодишно дете да стави тетоважа од омилената цртанка на лицето.

На таа возраст, на пр. нема ништо подобро од „Патролата Шепа“ (Paw Patrol – популарна детска цртана серија во САД, з.п.). И тогаш стигнувате до таа возраст – 10 или 13, и сè уште имате тетоважа од ликовите – но тоа веќе не сте вие. Тешко е за децата да го разберат тоа. Децата треба да знаат кои се нивните граници – тие најдобро се развиваат во такви околност – вели глумицата.

Мишел-Гелар нагласува дека тоа не значи дека се злобни или непотребно строги родители, но – мора да има јасни правила.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.