Во пресрет на летните забави веќе на големо се најавуваат гостувањата и концертите на бројни музички ѕвезди од регионот. Веќе викендов е најавен концертот на безвременските „Рибља чорба“ на Аква паркот во Пробиштип, а цените за билетите се движат од 400 до 600 денари.

Еден од најпознатите рок бендови, „Рибља чорба“, свој настап ќе има и во Охрид, во Античкиот театар, на 31 јули.

Најавен е и концерт на популарниот Аца Пејовиќ, на 8. јули во Битола и на 29. јули во Охрид.

За фановите на Теа Таировиќ најавен е концерт во Битола, на 30 јуни.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.