Осумдесет и првото издание на Меѓународниот филмски фестивал во Венеција ќе се одржи од 28 август до 7 септември. Француската актерка Изабел Ипер ќе биде претседателка на меѓународното жири кое ќе го додели Златниот лав за најдобар филм, како и други официјални награди, соопшти Фестивалот.

Постои долга и убава историја помеѓу Фестивалот и мене. Да се ​​стане привилегиран гледач е чест. Повеќе од кога било, филмот е ветување. Ветувањето дека ќе избегаме, ќе нарушиме, ќе изненадиме, добро ќе го погледнеме светот, обединети во разликите на нашите вкусови и идеи, изјави Изабел Ипер.

Австралискиот режисер и сценарист Питер Вир ќе добие Златен лав за животно дело на Венецискиот филмски фестивал. Вир (79) е режисер на филмовите „Друштвото на мртвите поети“, „Шоуто на Труман“, „Господар и заповедник“, „Година на опасно живеење“.

Филмскиот фестивал во Венеција и неговиот Златен лав се дел од историјатот на нашата професија. Да се биде издвоен како добитник на награда за животно дело како режисер е голема чест, изјави Вир.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.