Филмскиот фестивал во Венеција ќе му оддаде почит сo Златен лав за животно дело на американскиот режисер и сценарист Пол Шрeдер, клучна фигура на новaтa холивудски кинематографија. Шредер ги напиша „Таксист“ и „Последното Христово искушение“ на Мартин Скорсезе, а го напиша и „Разјарениот бик“. Режирал десетици филмови, меѓу кои „Американски жиголо“, „Мишима: Живот во четири поглавја“, „Утехата на странците“ и „Првa реформска црква“.

Режисерот беше во Венеција лани со „Бројач на карти“ со Оскар Ајзак и Тифани Хадиш во главните улоги, кој имаше успех кај критиката и на киноблагајните.

Длабоко сум почестен. Венеција е лавот на моето срце, рече Шредер.

Уметничкиот директор на Венеција, Алберто Барбера, во изјавата го слави Шредер дека „ја револуционизирал имагинацијата, естетиката и јазикот на американскиот филм“, почнувајќи од доцните 1960-ти.

Не е претерување да се потврди дека тој е еден од најважните американски филмаџии на неговата генерација, режисер кој е под длабоко влијание од европскиот филм и култура и тврдоглаво независен сценарист кој сепак знае како да работи по нарачка и самоуверено да се движи во рамките на холивудскиот систем, рече Барбера.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.