Три лица загинаа кога со возило „бмв“ удриле во заштитна ограда, по што паднале во река во несреќа во италијанскиот град Португаро, во близина на Венеција. Како што јави агенцијата АНСА, жртвите се двајца Албанци од Косово, Ѓ. Е.(20) и А.Х.(22), кои биле во друштво на Ѓ. Т.(21), девојка на еден од младите, која исто така починала.

Според италијанските медиуми, во сообраќајна несреќа во мај загинал и братот на А.Х, Адмир (19), кога бил повреден и нивниот татко.

Кога итната помош пристигнала на местото на несреќата, биле пронајдени во автомобилот.

Првичните информации сугерираат дека во несреќата можеби учествувало и четврто лице, но нуркачите засега не пронашле тело во реката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.