Славица Дајана Трипуновиќ, на пошироката јавност позната и како последната мис на Југославија, беше уапсена пред неколку дена во Белград во рамките на полициската акција во која приведените биле поврзани со елитна проституција во Белград.

Трипуновиќ е изведенa пред судот за прекршоци и парично казнетa. Откако била ослободена, Трипуновиќ се обидува да ги избегне медиумите, а српски „Блиц“ дознава дека таа решила да побегне во Италија каде живее нејзиниот син.

Наводно, Славица, која го додала уметничкото име Дајана кога ја започнала пејачката кариера, веќе купила авионска карта за Италија. Фоторепортерите ја снимиле како разменува пари во менувачница, а кога ги видела камерите брзо побегнала од менувачницата.

Славица пред неколку години почнала да гради вила во населба надвор од Белград, за која набрзо сфатила дека ќе биде преголема за неа бидејќи таму ќе живее сама, па решила таа вила да ја претвори во мотел. Се шпекулира дека поради лошата финансиска состојба во која се нашла Славица решила да се впушти во бизнисот со проституција, а кога била уапсена, медиумите во Србија објавија кој друг „паднал“ во таа полициска акција.

Славица Трипуновиќ е уапсена во голема акција во која паднаа и белградската мадам, Јелена Јојиќ, менаџерот на Каја Остојиќ Душан Бањац и внукот на Ера Ојданиќ, Никола Анѓелиќ. Славица Трипуновиќ и Мартина Рајиќ, поранешна натпреварувачка во емисиите „Парови“ и Плејбој зајачица, беа уапсени на дело, но брзо беа ослободени од притвор затоа што беа изведени на прекршочен суд и казнети – пишуваа пред неколку дена српските медиуми.

Славица Трипуновиќ победи на последниот избор за Мис на Југославија во 1991 година. Пораснала во Борово насеље, а во Србија се испробала како пејачка, се занимавала и со одледување на рози и угостителство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.