Пет српски пејачки работат за мафијашки кланови, а цената на луксузниот живот ја плаќаат со валканата работа што ја работат, пишува „Република.рс“.

Според оперативните информации од полицијата пејачите често настапуваат во странство но и во околните земји.

Нивните услуги им се потребни на мафијашите од повеќе причини. Пред  тоа се луѓе кои многу патуваат бидејќи секој викенд пеат во странство. Исто така, тие се јавни личности, па на границите и на аеродромите, барем овде во регионот, ги знаат и помалку ги контролираат. Од друга страна, бидејќи патуваат со години, имаат изградено многу контакти меѓу аеродромскиот персонал, цариниците и дел од полицајците. Истото важи и за граничните премини – објаснува „Република.рс“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.