Повеќе ми значи Старата нова година, таа со причина ја викаат Стара, така сме славеле сè додека со декрет од КПЈ во 1954 година не било донесено дека официјалното славење е на 31 декември, за веројатно да се поништи влијанието на Божик, вели Тони Михајловски кој во новогодишната „Еден на Еден“ со Жаре зборува за неговите Нови години низ годините, за семејството, кариерата, новото студио…

Некако ми е пологично онака како што си го сместиле браќата католици, прво Божик, па Нова година. Ние некако наопаку, вели тој, откривајќи дека во моментот се придржува до Божикните пости.

Актерот вели дека сепак, секако дека ги слави двете Нови години и дека традиционално семејно китат елка.

И потоа ја раскитуваме после 3 – 4 месеци. Каков февруари, април. Како се носат ѕиври? Сите месеци со р, и елка стои сите месеци со р, раскажа Тони во свој стил.

Целата епизода ќе се емитува в недела од 19 часот на Канал 5.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.