Како неисцрпен извор на филозофии околу животот, црногорскиот музичар Рамбо Амадеус во новата „Еден на Еден“ со Жаре го сподели советот кој како дете го добил од рибарите од неговиот крај во врска со жените.

Кога ќе се жениш немој ти да бираш, пушти го „него“ да одбира, советува Рамбо.

Тој зборува и за тоа зошто сите југословенски народи заостануваат зад Словенија, за глобалното затоплување и електричните автомобили, за едрењето, музиката и дека треба да се апдејтира онаа негова позната изрека дека „национализмот е тема за разговор на лица со до 300 евра месечен приход…“.

Епизодата почнува од 18.30 на Канал 5.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.