Љубовницата на Видоје Ристовиќ, Данијела Бојиќ, во чиј кревет пред неколку дена почина сопругот на познатата водителка Николина Пишек, на времето му била љубовница и на српскиот политича Ненад Чанак.

Имено, српските медими потсетуваат на скандалот од пред десетина години, кога познатиот политичар ја измами јавноста дека го претепал Павле Лешановиќ поради неговата внука, а всушност вечерта бил во друштво на две жени, од кои едната била токму Данијела Бојиќ, која тогаш имала 31 година.

Ненад Чанак, кој со двајца пријатели го претепа Павле Лешановиќ, не го направил тоа, како што самиот тврдел, за да ја заштити својата 20-годишна внука која не била со него, туку била во друштво на Данијела Бојиќ и уште една девојка, која живее и работи во Белград. Ниту една од споменатите девојки не е, како што ги опиша Чанак, „20-годишна внука“. Напротив. Бојиќ е менаџер за продажба и има 31 година, додека до втората не успеавме да стигнеме, но дознавме дека има 40 години, рекол тогаш изворот.

Долго време не слушнавме ништо за Данијела, а потоа стигна до медиумите како љубовница на Видое Ристовиќ, која беше сведок на неговата смрт.

Кога вечерта била испрашувана масерката Д.Б., таа во полиција рекла дека Видоје дошол во нејзиниот стан во Ѕвездара, каде што живее под кирија. Тој ден ѝ било роденден и како што било договорено, го прославувале заедно. И двајцата биле среќни и не не ни насетувале што може да се случи. Како што Д.Б. продолжила во изјавата, Ристовиќ изгледал како и обично, не се пожалил на ништо, ниту пак забележал дека нешто го боли или мачи. По вечерата, Видоје испил една пијачка, вотка или виски, не можела точно да прецизира бидејќи била шокирана од се што се случило, а потоа признала дека биле интимни.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.